Целосна нефролошка консултација
со едукација за правилна исхрана
при болести на бубрезите.
Индивидуален пристап кон Вашиот проблем — анализа на медицинска документација и лабораториски резултати, второ мислење, објаснување на дијагнози и терапија и препораки за понатамошно следење.
Исхраната е составен дел од консултацијата, со препораки приспособени на Вашата бубрежна функција и здравствена состојба.

Најпрво се пополнува прашалник за медицинската историја и навиките во исхраната. Вашите одговори ќе ми помогнат уште пред нашата средба да добијам појасна слика за Вашата здравствена состојба и да се подготвам, за времето на консултацијата да го искористиме за она што е навистина важно за Вас.
Потоа се закажува термин за консултација. Терминот ќе го потврдам откако ќе го разгледам прашалникот и ќе проценам дека можам соодветно да Ви помогнам во однос на Вашата состојба.
Ако сметам дека Вашата состојба бара непосреден преглед, консултација со друга специјалност или поинаков пристап, ќе бидете навремено известени.
По завршувањето на консултацијата ќе добиете лекарски извештај со заклучок и индивидуални препораки, кој ќе Ви послужи за понатамошно следење на здравствената состојба и како јасна насока за договорените промени во исхраната и животниот стил.
Прашалник пред консултација
Пред закажувањето на консултацијата, потребно е да го пополните краткиот прашалник. Вашите одговори ќе ми помогнат однапред да се подготвам за консултацијата.